Репрезентацијата на Германија на Европското првенство 2022 кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка ќе настапи без младиот ракометар на Рајн Некар, Јури Кнор.
Големата надеж на германскиот ракомет ќе мора својата репрезентација да ја следи покрај малите екрани со оглед на тоа дека одбива(ше) да се вакцинира. Toj прележа коронавирус во ноември минатата година и верува дека се уште има антитела.
ЕХФ постави јасно правило за учество на Европското првенство во Унгарија и Словачка, а тоа е целосна имунизација на секој ракометар и лице од стручниот штаб на репрезентацијата.
Германија на Европското првенство ќе настапи во рамките од Групата Д. Нејзини противници ќе бидат репрезентациите на Австрија, Полска и Белорусија.
Ракометарите на Германија првата фаза од натпреварувањето ќе ја играат во Братислава. Само две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза на Европското првенство.