Не помогна ниту новиот селектор: Русите само со бод против Украина

Селекцијата на Русија за која во оваа ЕХФ недела нема ниту еден актуелен член на Вардар одигра само нерешено на првиот дуел против Украина. Средбата заврши со 27:27, а во последната минута лесно можеше победата да припадне на едниот или другиот состав.

Двете средби меѓу Русија и Украина се играат на неутрален терен во Минск поради актуелната политичка ситуација која владее меѓу двете земји. Русите се предводени од страна на искусниот стратег Велимир Петковиќ, но и тој не помогна многу денеска.

Натпреварот беше постојано израмнет, а и двете селекции на моменти успеваа да наметнат своја игра и да дојдат до предност, која не им даваше гаранција за мирно продолжение на средбата.

Таквиот ритам донесе возбудлива завршница во која се влезе со нерешен резултат. И двете селекции има можност за напад, но не искористија, па ги поделија бодовите.

Жуков со седум и Онуфриенко со шест гола беа најефикасни во редовите на Украина, додека во Русија, седум погодоци имаше Фокин, а шест Павел Атман, кој го постигна последниот гол за Русите.

Вториот дуел се игра исто така во Минск и тоа в сабота.