Унгарскиот гигант Веспрем, по поразот од Татабања и ремито со Балатонфуреди, како и победата на Ѓенѓеш, запиша втор пораз на пријателските натпревари. Иако избраниците на Давид Дејвис ја имаа поддршката од навивачите на овој натпревар, сепак загубија од полскиот Келце со 29-32.
Во првиот дел двете екипи се менуваат во водство со еден или два гола разлика, но на пауза Келце замина со предност, 16-17. Во второто полувреме, одлично бранеа голманите Цупара и Вулф, но двата тима имаа и пропуштени шанси да стигнат до повисока предност.
Келце водеше со 25-26 на десет минути до крајот и успешно ја задржа предноста за голема победа со 29-32. Најдобри стрелци кај Веспрем беа Македа со пет и Лекаи со четири погодоци, а Манасков даде три. Кај Келце се истакнаа Душебаев со седум и Карачиќ со шест голови.
За полскиот тим ова е втора победа на унгарската турнеја, откако славеа над Чурго, но загубија од Татабања.