Македонската интернационалка Зорица ќе го продолжи својот престој во полскиот шампионат и следната сезона.
Откако играше за Пјотрковија три сезони, лани направи трансфер во Кобиержице и се чини не погреши, затоа што беше меѓу најефикасните со 60 постигнати голови, а три пати се најде и во изборот за МВП на колото додека се играше првенството.
Клубот и понуди нова соработка и Десподовска и следната сезона ќе биде еден од главните адути на тимот, не само на домашно тло, туку и на европската сцена во Лигата на Европа.
Десподовска играше за Еуростандард Ѓорче Петров и Металург во Македонија, а надвор беше дел од германските Кобленц и Розенгартен, турската Муратпаша и шведскиот Луги.