Натпреварот од Лигата на шампионите меѓу екипите на Ростов Дон и ЧСМ Букурешт од Групата А, кој требаше да се одигра на 12 февруари во Русија, беше одложен бидејќи во ЧСМ Букурешт имаше неколку ракометарки кои беа позитивни на Ковид 19.
Бидејќи не можеше да се одреди нов датум за одложениот натпревар, ЕХФ на рускиот тим им додели службена победа (10:0) и два бода на нивно конто.
Со новите бодови, кои не беа освоени на терен, Ростов Дон дојде до 19 бодови во својата група, веднаш зад лидерот на табелата, Есбјерг, кој има 22.
Вицешампионот на Русија во последното коло од групната фаза ќе гостува во Франција кај Брест Бретањ. Во случај на победа или реми, ракометарките на Ростов Дон ќе останат на второто место и ќе обезбедат директен пласман во четвртфиналето од најквалитетното натпреварување.
Екипата на ЧСМ Букурешт за пласман во четвртфиналето ќе се бори преку елиминациските натпревари во осминафиналето.