Колку соблекувалната значи за Вардар покажа 2019 година кога сите мислевме дека е крај на приказната, а играчите се затворија токму во таа соблекувална и ниту една тајна не излезе од неа. Некои тајни е подобро да останат неоткриени, но Иван Чупиќ во интерввјуто за 24ракомет откри што се случуваше на полувремето во полуфиналето со Барселона на последниот Ф4 кога Вардар губеше со -7 Кои зборови се кажаа, што е она што ги врати „црвено-црните“?
„Кој ќе не врати? Соблекувалната нè врати! Потежок разговор од обично, самокритичен. Прво зборував јас, потоа Столе, и на крај дојде Парондо да ни каже дека не треба да се ’тепаме’ затоа што според негово мислење ние играме добро, но не даваме голови. Излудев во тие моменти и му велам ’како може да играме добро кога губиме со седум гола разлика’. Заклучивме дека не може да паднеме без да испукаме куршум. Дојдовме до Келн, не знаевме ни сами како, без пари и сега да дозволиме Барселона да не победи за половина час и цел свет да ни се смее дека сме случајно тука!? Проработи инатот, победничкиот дух излезе на терен и потоа покажа тоа што покажа во трите полувремиња што следеа, второто со Барселона и двете со Веспрем во финалето… Екипата, инатот, победничкиот дух и соблекувалната. Дека другарите треба да си помагаат меѓусебно без разлика дали некој може или е повреден и дека тимот мора да личи како едно. Со таков разговор, кој не беше вака убав како што сега јас го раскажувам ја постигнавме целта. Излеговме од соблекувална и покажавме пред 20 илјади луѓе дека не сме тим за потсмев, туку сме сериозна екипа што има во себе нешто што немаше никој од останатите три тима во Келн…. На крајот тоа и ни ја донесе втората шампионска титула“, потенцира Чупиќ.
Целото интервју со Чупиќ прочитајте го на линкот во продолжение…