Репрезентацијата на Србија по одличната борба на теренот сепак го загуби првиот натпревар од главната фаза против еден од фаворитите на Мундијалот, Норвешка со 31-28.
И покрај се, позитивен е впечатокот за играта на Србија на ова Светско првенство ако се знае со какви проблеми се соочуваше оваа репрезентација во изминатава деценија, пред се во однос на атмосферaта во националниот тим.
По доаѓањето на шпанскиот стратег Херона на клупата на орлите, полека но сигурно работите почнаа да се средуваат како во играта така и во артмосферата во репрезентацијата. Шпанскиот шмек каде секој ракометар точно си ја знае работата е видлив на теренот. Во првата фаза Србија славеже сигурни победи над Алжир и Катар, а доживеа минимален пораз од силната Германија.
Во главната фаза ракометарита на Херона цели 40 минути имаа доминација на теренот каде водеа и со пет голови разлика, но следуваше црн период во кој фаворитот ја превзема контролата и го сврте резултатот во своја корист. Токму тоа беше една од работите на кои Србија посебно треба да посвети внимание во иднина, и секако да учи од грешките направени на изминатите натпревари.
Овој пораз го натера српскиот селектор Херона и неговиот стручен штаб да го анализираат натпреварот дури до три часот изутрина.
На ракометарите ќе им пуштиме видео од сите грешки кои ги направија од 36.минута па до крајот, како би можеле да научат многу работи од нив.Исто така доста е важно ракометарите да се опорават и одморат, бидејќи веќе утре не чека дуел со Аргентина а ние мора да дадеме 100% на преостанатите два натпревари. Секој гол е важен и се додека имаме и теоретски шанси имаме на што да се надеваме, и секако обврска на најдобар можен начин да го завршиме Мундијалот, изјави Херона за српски Журнал.
Србија својот втор натпревар од главната фаза го игра во сабота со почеток од 15:30 часот против селекцијата на Аргентина.