Паузата поради коронвирусот и понатаму е присутна насекаде низ светот, па освен во неколку земји речиси никаде спортистите не можат на заеднички тренинг.
Сепак, и во моменти кога не можат да тренираат тие бараат начин како да бидат корисни и да помогнат.
Ракометарите на Балатонфуреди од Унгарија се пријавија да помагаат во социјалните служби. Тие се понудија да доставуаат храна до домовите на постарите лица за кои е подобро да останат во своите домови отколку да излагаат во ова лошо време.
Како ја извршуваат оваа задача може да се види од фотографиите.
Дефинитивно се снаоѓаат исто добро како што се снаоѓаат и на ракометниот терен.