Новиот селектор на Хрватска, прославениот репрезентативец Горан Перковац пред јавноста ја претстави својата визија за хрватската репрезентација.
Перковацќ, кој на репрезентативно ниво беше селектор на Грција и Швајцарија, истакна дека во следниот период ќе посети неколку европски клубови, во кои играат репрезентативците на Хрватска, истакнувајќи дека на тој начин може да се изгради успешна репрезентација.
,,Имам малку време и веднаш ќе се фатам за работа и одам на „екскурзија“ низ Европа, одам во Германија, Полска… Да видам како „дишат“ Дувњак, Карачиќ и Циндриќ. Ќе разговарам со играчите бидејќи јас сум еден од оние луѓе кои не прават толку големи работи само по телефон. Тоа би било несериозно, но ни претстои сериозна работа”, изјави Перковац за „Спортске новости“ .
Искусниот стратег посочи дека има визија за иднината на хрватската репрезентација.
,,Го имам замислено костурот на екипата, ќе собереме 35 играчи, колку што ни требаат и потоа ќе видиме кои ќе се покажат до Светско првенство што ќе го организираме во 2025 година. Времето е кратко, но мојата основна визија е да составам тим кој нема постојано да се менува. Ќе работиме како другите, односно како оние кои во моментов се поуспешни од нас. Ако почнеме со некои нови имиња, а ќе ги има, тоа ќе се случи откако ќе се обидам да договорам средба со сите тренери на нашите домашни клубови”, додаде Перковац за „Спортске новости“ .
Новиот селектор на Хрватска изјави дека најголем фокус ќе биде ставен во подобрување на одбраната.
,,Не можам да произведан голмани, ќе ги користаме овие што ги имаме…Ниту нашата одбрана не е добра во последните години и ќе работиме на тоа, бидејќи голманите бранат добро само ако одбраната е добра. Пример, Марин Шипиќ игра добро во напад, но не игра во одбрана. Тој е вистински „тенк“ и тоа може да го направи без никакви проблеми и во одбраната. И јас во мое време имав задолжителна улога во одбраната, пример кога го освоивме светското злато во 1986 година, може и тој, секој играч може. Како играч не бев егоист и не сакам егоистични играчи во мојот тим”, додаде Перковиќ”, заврши Перковац за „Спортске новости“ .
Хрватска заедно со Данска и Норвешка ќе бидат ко-организатори на Мундијалот во 2025 година. Тоа ќе биде голема шанса за ,,коцкестите” да направат сериозен резултат.