Тимот на Келце ја одбрани титулата во полскиот шампионат, а повеќе од еден месец, ракометарите се на пауза.
Тренерот Талант Душебаев за полските медиуми откри како ја убива досадата за време на карантин додека светот се бори против коронавирусот.
„Среќен сум што имам внук. Со него нема шанси да ми биде досадно. Поминуваме многу време заедно убави моменти, тоа е одлично. Стануваме во 09:30, се забавуваме правиме различни нешта со Хуго. Тој е со нас до 13:30 потоа оди кај Алекс и неговата сопруга. Околу 16:00 малку тренирам и се движам наоколу, а потоа Хуго повторно доаѓа кај нас. Вечерта ја користам за да се слушнам со пријателите и играчите од клубот. Ракометот не ми фали, иако кога почна карантинот имав многу планови поврзани со ракометот. Кога ќе биде 100% сигурно дека ќе се вратиме на нормалниот живот, тогаш повторно ќе размислувам, сега нема смисла“, вели Душебаев за полскaта „Спорт ТВ“.
Келце требаше да се соочи со словенечкиот Целје во осминафиналето, а доколку се пласираше во следната фаза за ривал ќе го имаше или ПСЖ или Динамо Букурешт.