Ниту по промената на тренерот, на екипата на Мешков Брест не и оди најдобро во белорускиот шампионат.
На последниот натпревар од регуларниот дел, Мешков Брест загуби од големиот ривал СКА Минск со убедливи 37-31.
На полувремето избраниците на Едуард Кокшаров беа во уште поголема негатива од девет гола, 23-14.
По овој пораз, Мешков Брест е втор и ќе мора да игра и во четвртфиналето на плеј-офот, додека СКА Минск остана убедливо на врвот и ја скока оваа фаза.
Капитенот на Мешков, Вјачеслав Шумак по мечот во видео упати извинување до навивачите за лошата претстава.