Легендарниот германски пикер кој долги години го носеше дресот на „панцирите,“ Кристијан Шварцер, шокираше со изјавата во која ја даде за време на Мундијалот во Полска и Шведска.
Шварцер остро го искритикува делегирањето на женски судиски парови на Светското првентво во машка конкуренција, и со тоа го навлече гневот од најголемиот дел на ракометните работници и јавноста. Шварцер посебно се осврна на судењето на германскиот судиски пар Маике Мерц и Тања Китлер.
Не знам како се дојде до идеја да им се допушти на женски судиски парови да судат на Светско првенство во машка конкуренција. Не сум мизогин, но тоа е само мое мислење и ве молам да го почитувате. Можеби имам малку застарени ставови но ќе продолжам да го говорам тоа што го мислам.
Свое видување на ова изјава имаше и судијката Маике Мерц.
Секој има право на свое мислење и не треба веќе да говориме на таа тема.
Остро реагираше и претседателот на германскиот ракометен сојуз Андреас Микелман.
Жал ми е што толку голем ракометар има толку погрешно мислење. Неговата изјава е застарена и непримерна.