Во текот на вчерашниот ден шпанските медиуми открија дека романскиот првак Динамо Букурешт е еден од тимовите што го посакува Лука Циндриќ во своите редови.
Според „Спортске Новости“, Циндриќ има понуди од унгарскиот првак Веспрем, францускиот Нант, германскиот Мелсунген каде тренер е Роберто Парондо.
Хрватите тврдат дека Циндриќ не би прифатил да оди во тим што не игра во Лигата на шампионите, па можеби на крајот и ќе остане во Барселона.
Хрватскиот среден бек, кој е поранешен член на Вардар и Металург, а сегашен на Барса, е на излезна врата од каталонскиот гигант Барселона иако има договор до 2025 година.
Шпанците сакаат да штедат следната сезона и посакуваат да се ослободат од Циндриќ поради големата плата, а за возврат да му исплатат половина од финансиите што би ги заработил до крајот на договорот.