Поранешниот репрезентативец на Хрватска, кој иако има 41 година уште е активен и игра во редовите на Замет, Ренато Сулиќ упати многу критики и во неколку реченици им укажа на сите зошто во моментов шампионот на Хрватска е во криза.
Сулиќ ги критикуваше сите кои не дозволуваат да се појави друг силен клуб туку секогаш Загреб е тој што е во центарот на вниманието.
Пивотот кој сега го носи дресот на Замет каде што и ја почна кариерата од 2001 до 2004 година го носеше дресот на Загреб и добро знае какофункционираа работите во клубот. Секако добро знае и што се случува во домашната лига и на сите полиња околу организацијата.
Сето она што го има стекнато како искуство му овозможи да го искаже она што го имаше, а голем дел од работите упатуваат на кризата во Загреб, кој никако не може да дојде до победа во Лигата на шампионите во оваа сезона.
„Не е нормално Загреб да биде шампион 30 години и сите овие години на никој друг да не му се дозволи да биде шампион. Тоа не доведе овде каде што сме сега. Немаше конкуренција, а притоа Загреб поминуваше како што поминуваше. И кога би се појавил некој кој сакаше да вложува во ракометот, му беше кажано дека тука нема што да бара. Затоа ракометната лига ни е таква каква што е и се работи така како што се работи. Жал ми е за луѓето кои одлучуваат а тоа и не сфаќаат дека силна лига е основен услов за квалитетни резултати и создавање на млади и талентирани играчи. Сите кои вредат одат во странство“, вели Сулиќ за медиумите во Хрватска.
Тимот на Загреб вчера претрпе нов пораз и тоа од тимот на Мотор на домашен терен така што разочарувањето кај сите само се продлабочува.