Не е крај дури судијата не свирне крај – Се вратија од минус четири за 100 секунди (ВИДЕО)

Шампионатот во Полска секојдневно има нови интересни моменти, а еден таков беше забележан на дуелот меѓу Квижин и Тарнов. Домашните имаа загубен дуел бидејќи на 100 секунди до крајот губеа со 24:28.

Сепак, не е крај дури судијата не свирне крај и треба да се борите додека гледате своја шанса за пресврт.

Во 58 минута и 20 секунди резултатот беше 24:28. Десет секунди подоцна 25:28. На 53 секунди до крајот резултатот беше 26:28, а на 22 секуди до крајот 27:28. Во моментите на сирената која означуваше крај на времето резултатот беше 28:28.

Еден од најголемите пресврти сезонава.