Вардар славеше над Загреб со 30-29 во полуфиналето од завршниот турнир на регионалната СЕХА лига.
Победникот беше решен по изведувањето на пенали, а претходно вардарци се вратија до реми, 26-26, по огромната негатива од шест голови.
„Црвено-црните“ во финалето ќе играат со унгарскиот Веспрем кој без поголеми проблеми славеше над Мешков Брест.
Возбудливиот финиш против „плинарите“, во кој најпрво Чупиќ од десен бек, а потоа и Јотиќ од тешка позиција стрелаа во голот на Ашанин погледнете го во видео прилогот.