Селекторот на хрватската репрезентацијата Лино Червар, објави список на 16 ракометари на кои ќе смета на првиот собир во декември и стартот на подготовките за Европското првенство.
Ќе недостасуваат играчите од Бундес лигата, па во недостаток на играчи за првите тренинзи, некогашниот стратег на Металург го повика бекот на Нексе, Халил Јагањац и пикерот на Дубрава, Николаа Граховац.
Тие двајца не се на списокот за ЕП, па нема да добијат шанса за настап, туку само ќе пополнуваат место додека да се комплетира тимот.
Сличен случај имаше и лани, кога Червар го повика Јагањац за СП, го стави и на список, но не му даде шанса на ниту еден меч и потоа го замени со Кристијан Беќири.
По трансферот од Металург во Нексе, кариерата на Јагањац не тргна во нагорна линија, па ќе видиме дали наскоро повторно ќе ја рестартира во Македонија во дресот на Вардар.
Подготовките на Хрватска за ЕП стартуваат во Загреб на 17 декември, а „коцкестите“ ќе играат во групата А во Грац со Србија, Црна Гора и Белорусија.