Ракометарите на Вардар денеска го играат последниот натпревар пред своите гледачи во 2019 година. Во рамките на регионалната СЕХА лига, шампионот ќе го пречека словачкиот Татран Прешов, кој нема шанси за директно место во четвртфиналето, но велат дека не доаѓаат како туристи во македонската метропола.
„По поразот во Нови Сад одиме во Скопје, но не како туристи, туку да одиграме добар натпревар. Имаме проблеми во ростерот, па шанса ќе добијат младите ракометари да ги покажат своите способности. Не чека тежок меч, но ние ќе играме и ќе се бориме еден за друг“, вели левото крило Мартин Страновски.
Тренерот Славко Голужа исто така вели дека нема однапред да се предаваат.
„Влегуваме во овој натпревар по еден тежок меч со Војводина пред два дена. Неколку од нашите играчи се повредија и нема да играат против Вардар. Во тешка ситуација сме, но не планираме да се предадеме и ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме“, вели Голужа.
Натпреварот меѓу Вардар и Татран Прешов се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.