Не го минаа првиот круг, но уште играат – Тунис и Австрија во битка за Президент купот

Селекциите кои не успеаја да го минат успешно првиот круг на овој шампионат и отпаднаа уште после првиот круг ќе имаат можност в среда да одиграат уште по еден натпревар, а во главниот дуел ќе играат селекциите на Тунис и Австрија.

Тоа е средба која ќе решава за 25. позиција, практично тоа е и дуел за Президент купот.

Ќе има три дуели со оглед на тоа што еден од натпреварите не се игра бидејќи Зеленортските острови уште одамна си заминаа од Египет, па затоа ќе има само три средби за пласман и тоа пред четврт-финалните пресметки.

ПРЕЗИДЕНТ КУП

3А 31. МЕСТО

ЈУЖНА КОРЕЈА – ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ         10:0 службено

СРЕДА, 27 ЈАНУАРИ

ЗА 29. МЕСТО (17:30ч)

АНГОЛА – МАРОКО

ЗА 27. МЕСТО (15:00ч)

КОНГО – ЧИЛЕ

ЗА 25. МЕСТО (17:30ч)

ТУНИС – АВСТРИЈА