Хрватската репрезентација со оглед на тоа дека имаше директен пласман во финалниот бараж за СП во изминатата недела не одигра натпревар, но сепак одработи припреми на кои селекторот Хрвоје Хорват можеше да се запознае со моменталната форма на ракометарите.
Лука Циндриќ лани беше најдобар хрватски ракометар. Беше лидер на составот на Хрватска на Европското првенство, но ниту се покажа тој, ниту репрезентацијата. За тоа постојат повеќе причини, но дефинитивно сега ситуацијата е поинаква затоа што во репрезентацијата се вратија и играчи како Дувњак и Карачиќ.
„Морам да признаам дека на ЕП не се чувствував добро, бев можеби на 30% од моите можности, од она што јас го очекувам од самиот себе. Телото едноставно не можеше, барав измена само после десетина минути и две полуконтри, не можев да дојдам до здив. Најдобро тоа се виде можеби против Србија. Пред Европското првенство имав корона, мислев дека лесно ќе поминам, но се покажа спротивното. Некако од таа корона директно дојдов во погон. Желбата не беше проблем, но реалноста беше друга. После завршувањето на ЕП и враќањето во Барселона потребен ми беше еден месец да дојдам на себе. Секако не сум јас единствениот кој имаше проблем, беше тоа малку чудно натпреварување“.
Циндриќ е задоволен и од ваков собир на репрезентацијата, иако нема натпревар.
„Искрено би кажал дека е добро, подобро отколку да снимам реклами. Ретки се можностите во сред сезона да се сретнеме и мислам дека тоа е многу важно. Верувам дека на сите ни е добредојден овој собир затоа што не чека многу напорна завршница до јуни“, изјави Циндриќ.
Ќе потсетиме во финалниот бараж во април Хрватска ја чека двомеч против репрезентацијата на Финска.