Бразилскиот среден бек Енрике Тешеира, кој пред две години имаше потпишано договор со македонскиот Металург, ќе има нов клуб од следната сезона.
Тешеира се враќа во Асобал лигата, откако потпиша договор на две сезони со амбициозната екипа Куенка.
Средниoт бек од Бразил во Шпанија играше од 2015 до 2018 година кога беше дел од Гранољерс и Хуеска.
Трансферот во Македонија не го реализираше поради семејни причини, па остана во романскиот ЧСМ Букурешт четири сезони, од каде се враќа во Асобал лигата.