Екипата на Мелсунген, која е предводена од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, од следното лето би можела да биде посилена со црногорецот Стефан Чавор, пишува „RTH Handball“.
Репрезентативецот на Црна Гора, моментално, го носи дресот на Вецлар, во кој настапува и македонскиот ракометар Филип Кузмановски.
Чавор на почетокот на сезона 2021/2022 ја продолжи соработката со Вецлар и потпиша нов договор до 2026 година.
Десниот бек од Црна Гора во својата кариера го носеше дресот на Чурго, Целје, Сиудад Реал и Будванска Ривиера.
Пред да замине во унгарскиот Чурго, во 2014 година Чавор беше во Битола, тренираше со Пелистер, но не стави потпис на договорот со битолскиот тим, а кариерата оттогаш му тргна во нагорна линија и сега е еден од најдобрите десни бекови.
.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.