Несекојдневно: Постигна 20 гола на прволигашки натпревар

Тимот на Металург РА славеше убедливо кај Борец со 42-13 во последниот натпревар од регуларниот дел од Првата лига.

Овој натпревар мина во знакот на левото крило од Автокоманда, Филип Георгиевски, кој постигна дури 20 погодоци во мрежата на велешкиот тим.

Металург РА поведе со 10-0 и го реши веднаш прашањето на победникот, а до паузата прими само четири погодоци, 18-4.

Избраниците на Миле Бочкаровски постигнаа дури 24 гола во вториот дел и до врв ја наполнија мрежата на некогашниот македонски шампион.

Покрај Георгиевски, кој даде шест гола во првото и 14 во второто полувреме, уште осум гола за Металург РА додаде Филиповски, додека кај Борец, Ристов беше стрелец на шест погодоци.