Нереален предлог во Романија – ЧСМ Букурешт да одигра 12 натпревари за 22 дена?!

Ракометната федерација на Романија сака сезоната 2019/20 да биде завршена на терен, па затоа изготви план како да бидат одиграни останатите натпревари.

Според предложениот распоред на федерацијата првенството во машка конкуренција ќе продолжи на 31 мај, додека во женска конкуренција на 5 јуни, а натпреварите ќе се играат во турнирски систем.

Интересно е што доколку се одиграат и натпреварите во женската Лига на шампиони екипата на ЧСМ Букурешт ќе одигра 12 натпревари во 22 дена. Во истиот период и нивниот главен конкурент во првенството, Валчеа ќе одигра еден натпревар помалку.

Овие предлози на федерациајта ќе бидат разгледани на Управниот одбор кој ќе се одржи на 22 април. Вонредната состојба во Романија би требало да трае до 14 мај.