Непослушна Бразилка го напушти карантинот, па ја испратија дома

Ракометарка на тимот на Астраханочка не ги почитуваше наредбите од клубот и забраната за појавување поради тоа што се наоѓаше во карантин, па многу брзо беше исрпатена дома.

Дебора Хана Потенс Нуњез повеќе не е дел од тимот од Русија поради прекршување на забараната. Имено, таа ја искористила паузата во минатите денови и отпатувала за Франција во Париз каде што била да се сретне со пријатели. Таму била на забава, а до 15 март во цела Франција биле забележани вкупно 5400 случаи на заразени лица со Корона вирусот од кои 120 веќе се починати.

Веднаш што се вратила таа се појавила на тренинг како да не го напуштала местото, но откако информирала била упатена во карантин. Не издржала и била видена во еден од трговските центри во градот така што клубов веднаш реагирал.

Договорот е раскинат порди прекршување на дисциплината и правилата за карантин, а таа веднаш упатена кон Бразил. Причината е во непочитувањето на здравјето на своите колешки така што ќе може да си побара слободно нов клуб за следната сезона.