Српскиот интернационалец Петар Ненадиќ, кој во моментов е член на унгарскиот гигант Веспрем, откри интересни детали од престојот во Фуксе Берлин.
Во подкастот „Алесто“, Ненадиќ ги откри интересните правила кои важеле во неговиот престој во бундеслигашот.
„Во Германија, барем во Берлин, каде што бев четири години, каде што имаше Швеѓани, Норвежани и Данци, бев обврзан да го научам нивниот јазик за три месеци. Три месеци во Берлин на официјални состаноци можеш да зборуваш странски јазик. После три месеци, на сите места, соблекувална, тренинг, автобус, натпревари мораш да зборуваш на германски“, откри Србинот.
Клубот од Берлин бил толку строг за овие работи што ракометарите биле дури и казнувани.
„Единствениот пат кога тренерот може да ја објасни тактиката на англиски е за време на тајм-аутот. На овој начин имате три месеци да научите германски. После тоа, да речеме дека сите Балканци во соблекувалната, завршуваме со тренинзите и обично зборуваме на српски јазик, а од позади слушате како некој вика – 20 евра казна за Петар!“, се сеќава Ненадиќ.
Српскиот ракометар не откри колку казни добил во меѓувреме, но тоа сигурно го мотивирало што побрзо да научи германски или барем да избегнува да зборува српски кога е воблизина на раководството на Фуксе Берлин.