Средниот бек Петар Ненадиќ ја продолжи соработката со унгарскиот вицепрвак Веспрем на уште една сезона.
Актуелниот негов договор истекуваше во 2022 година, но двете страни се договорија за нов, кој ќе биде со важност до 2023 година.
Покрај Ненадиќ, нов договор потпиша и левиот бек Патрик Лигетвари, кој треба да остане во Веспрем најмалку до 2024 година.
Претходно соработката ја продолжи и Гашпер Маргуч, а еден од оние на кои им истекува договорот со Веспрем на крајот на оваа сезона е и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.