Нема шега со Хрватите, го средија домаќинот и тргнаа по полуфинале

Ракометарите од Хрватска наидоа на силен отпор од Австрија во мечот од 1. коло од Групата 1, но на крајот имаа победа од 27:23 доволна за одржување на чекорот со Шпанија.

Хрватите влегоа подобро во средбата и во одбраната добија многу дуели и брзо поведоа со 3:1. Австријците израмнија на 3:3, а потоа има и 4:4, но тука одново следуваше покажување на силата која ја има репрезентацијата на Хрватска.

Набрзина беа доведени работите на свое место и во ниту еден момент немаше проблеми за да се зголемува водството. Билик кој е прв стрелец на првенството првиот гол го постигна после 20 минути игри за намалување на водството на Хрватска на 6:10.

Овие 4-5 гола се чуваа до крајот на полувремето, па на одмор Хрватите имаа 13:8 и со тоа веќе најавија победа против домаќинот.

Во вториот дел немаше потреба од форсирање. Петте гола беа зголемени до шест и многу искусно се чуваа. Марин Шего бранеше одлично и во секој момент помагаше на своите колеги. Тоа овозможи да нема проблеми, а Австријците и покрај сите обиди да намалат немаа среќа.

Искуството на Хрватите беше преголемо за да може да им се поматат сметките така што на крајот разликата беше во корист на хрватската репрезентација која со 27:23 стигна до победа и два бода кои ја насочија кон полуфиналето.

Денеска најефикасне во Хрватска беше Хорват со шест гола, додека Дувњак и Циндриќ имаа по пет погодоци. Во Австрија Вебер имаше шест гола, а Цајнер четири. Голманот на Хрватска Шего имаше шест интервенции, но во клучни моменти, додека Ајхбергер заврши со десет одбрани.