Репрезентацијата на Франција на неколку дена до почетокот на Европското првенство потврди дека и на овој шампионат ќе биде со улогата на фаворит за медал, а колку се силни триколорите и пред овој шампионат најдобро почувствуваа ракометарите од Србија кои примија дури 40 гола. Со 40:26 Франција се избори за триумф во 1. коло од Златната лига со што ќе има голема битка со Данска за првото место на турнирот.
Французите водеа уште од почетокот на средбата и постојано ја зголемуваа предноста. Србите во ниту еден момент не можеа да се носат со противникот кој не успеа да се снајде. Резултатот од 22:13 на крајот од полувреме е само показател дека Франција доминираше на теренот и во ниту еден момент немаше проблеми за да стигне до победата.
Практично брзата игра го реши противникот и со ваква игра и беше обезбеден триумф уште на крајот од првите 30 минути. Затоа во вториот дел од средбата немаше проблеми да се зачува високата предност, па дури и да се зголеми за на крајот да се слави со 40:26.
Во одличната партија на Франција, Абало и Ремили беа убедливо најефикасни со по седум погодоци, додека Порт имаше шест гола. Во Србија, Вања Илиќ беше најефикасен со четири гола, додека Радивојевиќ, Црноглавац, Вујиќ и Кукиќ имаа по три погодоци.
Со ова Франција се загреа добро за дуелот в недела против Данска од 17 часот. Србија, пак, в недела ќе се соочи со селекцијата на Норвешка, а мечот е предвиден за 14:30 часот.