Кружниот напаѓач на руската репрезентација и на Мешков Брест, Павел Андреев, нема да се пресели во Вардар.
Тој минатата сезона требаше да дојде во Вардар, но по суспензијата од ЛШ, пивотот се пресели во Мешков Брест.
Според тогашните најави, неговиот договор со македонскиот тим беше замрзнат и требаше да важи од ова лето, но тоа нема да се оствари.
Мешков Брест објави дека е потпишана нова соработка со Андреев и тој останува во белорускиот шампионат.