В сабота треба да се одржи редовното Собрание на Ракометната федерација на Македонија, кое оваа година има невообичаен термин. Иако секогаш се одржуваше во јануари или февруари, оваа година беше закажано за во мај.
Предвидени се осум точки на дневниот ред. Најпрво ќе бидат утврдени членовите на Собранието, па освојување на деловодникот и работни тела. Меѓу оние точки што би требало да го привлечат вниманието на јавноста се извештајот за работата на македонската куќа на ракометот за периодот од стартот на 2021 до денеска, како и последната точка „Разно“.
Клубовите ги добиле поканите, но не и Извештаите за работа и финасискиот извештај, кои веројатно ќе бидат поделени на самото Собрание. Според Статутот на РФМ сите документи за Собрание треба да бидат доставени во рок од 8 до 14 дена пред Собранието. Делегатите ќе имаат кратко време да ги разгледаат и да дадат свои забелешки доколку имаат.
Под точката Разно би требало да биде ставен предлогот за проширување на машкото суперлигашко друштво на 16 екипи. Ова ќе биде трета сезона по ред како РФМ го менува системот на натпреварување иако истиот може да се менува, но со најава од една сезона однапред. Сепак најверојатно Собранието ќе го усвои проширувањето.