Нема среќа годинава: Мирхол со нов малер, закачи Корона од Рајн Некар (ФОТО)

Еден од најмалерозните ракометари во последните месеци, Норвежанецот Бјарте Мирхол доживеа нов удар, а овој пат е поврзан со Корона вирусот.

Играчот кој поради повреда не беше во можност да настапи на Европското првенство во јануари и да им помогне на своите колеги сега се зарази од вирусот и се наоѓа во домашен карантин. Тој се зарази од своите поранешни соиграчи од Рајн Некар.

Мирхол бил да ги посети, а со оглед на тоа што веќе има тројца ракометари од овој тим кој го имаат вирусот и тренерот, и Мирхол го префатил од нив, па сега ќе мора дополнително да мирува.

Тој објави на својот инстаграм профил дека е во домашен карантин поради проблеми со Корона вирусот и ќе мора да мирува, но ќе биде добро бидејќи има само лесни симптоми.