Најмалку тројца ракометари имале позитивен тест на Ковид-19 од суперлигашки клуб од Скопје, дознава 24ракомет. Во клубот веќе се прават дополнителни тестови за да се утврди дали и други играчи можеби го имаат вирусот. Таму веќе е забележан еден случај на заразен со коронавирус, кој веќе повеќе од една недела се наоѓа во домашна изолација.
Тимот во кој се забаележни овие случаи нема играно контролни натпревари претходната седмица, па нема страв од евентулано ширење на вирусот на други тимови. Дополнителните тестирања ќе утврдат, а клубот треба да потврди дали има уште некои друго ракометари или членови на управата што се позитивни.
Досега неколку клубови потврдија присуство на вирусот, но истите веќе го минаа периодот на карантин и се подготвуваат за продолжување на првенството. Според планот на РФМ викендов требаше да продолжи играњето на натпреварите откако првенството беше привремено прекинато.