Поради бојкотот во Првата ракометна лига како и во младинските категории, осум екипи од Југоистокот ја користат паузата и започнуваат претстојниот викенд со Јуниор Лига-Југоисток.
Ова е лига, која беше најавена како проект за младите екипите во Југоистокот на кој основачи се Младост Богданци, Астраион, Партизан Гевгелија и Вардар Неготино, а учесници се следниве екипи поделени во две групи родени 2004 и помали.
Група 1
Младост Богданци
Партизан Гевгелија
Вардар Неготино
Тиквеш
Група 2
Астраион Струмица
Радовиш
Торо Спорт Виница
Младинец Кочани
Ке се игра лига систем двокружен, а првопласираните две екипи од групите ќе изборат учество на Ф4 турнирот кој ке се игра на крајот месец Мај 2020 година.