Иако првично беше најавено дека реванш средбата од второто квалификациско коло во Купот на ЕХФ меѓу нашиот Пелистер и швајцарскиот Винтертур, ќе се одигра на големиот празник 11 октомври, сепак нема да биде така.
Натпревар беше закажан за 11 октомври во 18:30 во спортската сала „Боро Чурлевски“, а сега новиот термин е сабота, 12 октомври во 19:00 часот. Причините за промената не се познати.
Првиот меѓусебен натпревар овие две екипи ќе го одиграат на 6 октомври во Винтертур со почеток од 17:00 часот. Пелистерци оваа сезона во ростерот имаат само домашни, битолски ракометари.