Репрезентативката на Македонија, Јована Саздовска после завршената соработка со тимот на Турингер во Германија се пресели во Романија, а таму нема многу простор за пауза бидејќи од денеска ракометарките се на собир.
Екипата на Дунареа Браила стартуваше со подготовките за пролетниот дел од сезоната и ќе работи во текот на летото за да може што поподтовено да се дочека новиот шампионат.
Саздовска е едно од засилувањата за овој тим така што од неа ќе се очекува да донесе квалитет плус во играта и во нападот и во одбраната.
Инаку, веќе има солидно искуство зад себе, а добро знае и како е да се игра и во Романија бидејќи во сезоната 2016/17 играше за тимот на Магура.
Јована Саздовска својата кариера ја почна во Металург каде што играше до 2016 година. После сезоната во Магура една година беше дел од Вардар, а во 2018 година се пресели во Турингер каде одработи две сезони.