Голманот на Шведска, Андреас Паличка, немаше голем одмор по враќањето во татковината и златото од Европското првенство.
Тој се врати во Гетеборг во понеделник, а вчера веќе го одигра првиот меч оваа година за Редбергслидс во шведското првенство.
Последнопласираниот тим забележа победа над Гуиф со 30-27, тим што е предводен од црногорскиот селектор Зоран Рогановиќ.
Клучен момент за триумфот на Редбергслидс беше одбранетиот пенал на Паличка во финишот кога гостите можеа да се вратат во игра, па со новите бодови Редбергслидс го напушти последното место на табелата.
Паличка оваа сезона ќе ја заврши во Редбергслидс, а од лето се сели во францускиот шампион ПСЖ.