Нема нова операција за Нора Морк, но ќе направи кратка пауза

Репрезентативката на Норвешка и ракометарка на Вајперс Кристијансад, Нора Мерк, доби добри вести во врска со повредата на нејзиното колено.

Норвежанката на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Вајперс Кристијансад и Ростов Дон мораше да го напушти теренот во последните минути поради болки во коленото.

Од раководството на клубот преку соопштение на официјалната клупска страна, истакнаа дека не се работи за сериозна повреда. Мерк ја очекува пауза од неколку недели поради течност во коленото.

На утрешниот натпревар против Крим, во составот на Вајперс Кристијансад нема да настапи Мерк. Една од најдобрите ракометарки на светот имаше 11 операции на коленото и поради тоа мораше да пропушта и цели сезони во нејзината кариера.