По повредата на Лука Шебетиќ, нов удар за хрватската репрезентација пред стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
На денешните тестирања, позитивен тест добија двајца лидери на „каубоите“ – Домагој Дувњак и Лука Циндриќ.
Двајцата се чувствуваат добро и имаат благи симптоми, но со сигурност нема да бидат подготвени за првиот натпревар на ЕП против Франција, а можеби и за цела прва фаза.
Сите останати ракометари продолжуваат со тренинзи, но за секој случај и утре ќе имаат нови тестирања на коронавирус.
Засега нема информација дали ќе биде откажан „Кроација Куп“, кој треба да се одржи од 6 до 8 јануари, а најавено е учество на Босна и Херцеговина и Русија.