Продолжуваат големите проблеми за Европската ракометна федерација на стартот на 2022 година.
Селекцијата на Кипар се откажа од квалификациите за Светското првенство, односно од турнирот што се игра од денеска во романскиот град Клуж, а каде што играат уште домаќинот, Молдавија и Израел.
Кипарците имаат дури девет позитивни случаи на коронавирус, и не отпатуваа за Романија, но веројатно ќе бидат подготвени за квалификациите за ЕП што се играат за две недели.
По двобоите Кристијансанд – Крим и Савехоф – Ѓер, одложен е и трет натпревар во Лигата на шампионите.
Поради три позитивни случаи кај ЧСМ Букурешт, романскиот тим нема да патува на гостување кај францускиот Брест Бретањ.