Репрезентацијата на Германија вечерва против Шведска ќе го одигра третиот натпревар од главната фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
На денешниот натпревар против Шведска, ракометарите на Германија ќе бидат дополнително ослабени бидејќи плус двајца играчи од нивните редови биле позитивни на коронавирус.
Станува збор за ракометарот кој игра на позицијата десен бек, Хриштоф Штајнерт и за пикерот, Себастијан Фирнхабер. Со новите случаи, бројот на позитивни играчи во репрезентацијата на Германија се искачи на вкупно 13.
Тоа значи дека двајцата ракометари од Ерланген нема да бидат на располагање за германскиот тим за натпреварите од главната фаза против Шведска и Русија. Под знак прашалник е дали селекторот Алфред Гисласон може воопшто да има комплетен состав од 16 играчи во дуелот против Швеѓаните.
Германците толку се исплашени од нови случаи, што резервните ракометари кога ќе седат на клупата, ќе носат заштитни маски.
Натпреварот меѓу Германија и Шведска започнува со почеток од 18:00 часот. Германците во претходните два натпревари од главната фаза беа поразени од селекциите на Шпанија и Норвешка.