Наголемо низ Европа се одложуваат клупски и репрезентативни натпревари во машка и женска конкуренција.
Последното одложување е она на натпреварите од квалификациите за ЕП 2020 меѓу Македонија и Португалија.
Тие требаше да се одиграат на 25 и 29 март, а според насоките на ЕХФ веројатно ќе бидат одиграни во јуни по натпреарите од 5 и 6 коло.
РФМ информираше дека се одложува и собирот на женската селекција во рамките на ЕХФ неделата, што е логичен след на настаните по препораките од Владата и Министерството за здравство.