„Нема да пропадне светот ако нема ракомет до крај на сезоната“

Десното крило на Загреб и репрезентациајта на Хрватска, Златко Хорват се сомнева дека сезоната ќе се доигра. Во првенството на Хрватска има уште доста натпревари кои треба да се доиграат, па затоа пореално е да се очекува предвремен крај.

Хорват и сите во Хрватска се во исчекување дали ќе биде продолжена сезоната или не. Сепак развојот на настаните води кон тоа сезоанта да биде завршена порано од планираното без да се доиграат натпреварите.

„Мора да бидеме трпеливи како и што ќе биде. Светот нема да пропадне ако нема ракомет до крајот на оваа сезона. Немав идеја дека може да испадне вака и дека нема да се игра никаде. Имаше знаци, но сè додека не дојде до нас, ние не бевме сериозни. Во врска со земјотресот, сите знаевме на кое подрачје се наоѓаме, но тоа нè изненади. Искрено не верувам дека ќе се игра оваа сезона, не се гледа крајот на ова. Кога ќе заврши, прашањето е како ќе функционира се, треба играме и во Лигата на шампионите и во Купот што не е многу реално“ , изјави Хорват за Спортске новости.

Играчите работат според плановите кои ги имаат добиени од клубот, а Хорват е свесен дека и во Загреб мора да има кратење на платите.

„Сите имаме програми на кои се придржуваме колку што е можно повеќе. Физички немаше да имаме проблеми и утре да започнеме, а за други работи моментално не ни размислуваме. Не е проблем доколку има намалување на платите, имаше периоди кога воопшто немаше плата па опстанавме. Ние постарите не правиме проблем туку помладите но ние мораме да останеме реални и нормални“, рече Хорват.

И покрај тоа што е во одминати години Златко Хорвата не планира да се откаже од активно играње, а со учество на Олимпијадате не се преоптоварува многу. Доколку има можност ќе настапи, а и да не оди во Токио до сега има три учества.