Некогашниот ракометар на Вардар, а сега на Келце – Алекс Душебаев, паузата меѓу двете полусезони ја искористи да се посвети на приватни нешта.
Тој иако одамна е во граѓански брак со Ирене Портиљо, со која доби син, но дури сега успеаја да направат свадба.
Церемонија се одржа во Сарагоса, а медениот месец Душебаев и Портиљо го минуваат во Дубаи.
Десниот бек од Шпанија ќе го пропушти Европското првенство поради повреда, но се очекува да биде подготвен за вториот дел до сезоната.