„Нема да играм на Мундијалот, не сум ги видел синовите со месеци“

Репрезентацијата на Чешка ќе настапи ослабена, особено во дефанзивата на претстојното Светско првенство во Египет.

Селекторите Јан Филип и Даниел Кубеш нема да сметаат на левиот бек на Кил, Павел Хорак, кој сака да помине повеќе време со семејството.

„Поради короната не бев во можност да се вратам дома и да ги видам синовите. Не сум ги видел со месеци. Единствена варијанта беше во ноември, но тогаш собирот на репрезентацијата беше одложен. Мојата сопруга е со нив цело време уште од раѓањето, па и треба малку одмор. Сакам со малите да поминам неколку недели, за таа да има повеќе време за себе. Сепак тоа не значи дека мојата репрезентативна кариера завршува“, вели Хорак.

Освен на СП, 38-годишниот ракометар нема да игра ниту на квалификациските дуели за ЕП меѓу Чешка и Фарски Острови.