Ракометарите на Нексе утре ќе му гостуваат на Еурофарм Пелистер во рамки од последното коло од групната фаза во регионалната СЕХА лига.
Голманот на Нексе, Михајло Радовановиќ очекува тежок дуел против македонскиот вицепрвак.
,,Нашата цел ќе биде да имаме добар настап во Битола. Еурофарм Пелистер има одличен тим со многу квалитетни играчи и затоа очекувам да биде добар ривал. Тие имаат и неверојатни навивачи и сигурен сум дека салата ќе биде исполнета. Се надевам на добра игра и добар настап од наша страна. Се надеваме дека ќе успееме да ги однесеме бодовите дома, иако тоа ќе биде далеку од лесно”, изјави Радовановиќ.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.
Тамше: Знаеме дека во Битола нѐ очекува фантастична атмосфера!