За разлика од последните неколку години, кога машката ракометна репрзентација патувашее на гостувањата со чартер летови, утре тоа нема да биде случај.
За првпат по долго време, ракометарите ќе сменат дури три авиони за да стигнат до крајната дестинација во португалскиот град Порто.
Патувањето ќе започне во раните утрински часови од Скопје за Загреб (05:50-07:20). По кратката пауза во хрватската престолнина следува втор лет во Цирих (08:35-10:05), а таму паузата е подолга – околу шест часа.
Последниот лет ќе биде од Цирих за Порто (15:50-17:30), каде што македонската експедиција ќе пристигне околу 18:30 часот, односно еден час порано по португалско време.
Кога ќе се земат сите процедури во предвид и сите аеродромски процедури, патувањето ќе трае околу 16 часа.
На првиот меѓусебен меч вчера во Скопје, Португалија славеше со 29-23, а вториот натпревар се игра во Матосињос, преградието на Порто в недела од 18:30 часот по македонско време.