По настапите на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, машката сениорска репрезентација на Македонија првите активности ќе ги има во текот на ЕХФ неделата од 13 до 19 април.
Избраниците на Данило Брестовац ќе го имаат првиот собир на 13 април во Скопје, а по тренинзите во текот на неделата, ќе одиграат в петок и сабота, на 17 и 18 април две пријателски средби со селекцијата на Словачка.
Словаците отпаднаа во претквалификациите за пласман на Светското првенство во Египет во 2021 година, но се подготвуваат за настапот на Европското првенство во нивната држава во 2022 година.
Македонија, пак, ќе се подготвува за бараж двомечот. што ќе се одигра во јуни, а ривалот ќе го дознаеме на 9 март.