Нема авионски конекции – нема натпревари

За време на ЕХФ неделата се играат квалификациски натпревари за настап на Европското првенство 2022 година во Унгарија и Словачка.

Сепак во групата 4, Литванија, нема да патува на гостувањето во Израел, а исто така беше и откажан натпреварот помеѓу репрезентациите на Израел и Исланд, натпревар кој требаше да се одигра денес.

Поради епидемилопшките ограничувања и откажувањето на повеќе авионски летови до главниот град на Израел, Литванците и Исланѓаните не можеа да стигнат до Тел Авив, а неизвесно останува дали ќе се игра и натпреварот меѓу Литванија и Израел на 14 март во Вилнус.

ЕХФ треба да одлучи во кој нов термин ќе се играат откажаните натпревари. Израел до овој момент има само еден одигран натпревар од квалификациите.