Немања Прибак: Вардар ми е во срцето, го сакам овој клуб!

Поранешниот ракометар на Вардар и репрезентативец на Македонија, а сега играч на Војводина, Немања Прибак денеска успеа да погоди трипати од седум шута. Одигра солидно против екипата за која имаше многу одлични партии.

Тој упати убави зборови за Вардар, како и за тренерот Алушовски со кого беа соиграчи.

„Честитки за Вардар. Од една страна ми е мило што Вардар игра добар ракомет со дисциплина. Стевче Алушовски е мој голем пријател уште од играчките денови. Вардар ми е во срцето. Го сакам овој клуб. Загубивме натпревар поради зицерите. Денеска имавме голем респект кон Борко Ристовски, кој имаше одлична партија. Не мислам дека игравме лошо, но она што требаше да се финализира не го направивме. Сега фаќаме ритам за плеј-офот во Србија кој почнува н 28 февруари, па сè на сè сум задоволен“, изјави Прибак.

Ова беше само уште едно признание дека Прибак секогаш доаѓа со задоволство во Македонија.